Денес беше остварена средба помеѓу кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори.
Тројцата кандидати за градоначалници, Јован Стојаноски, Стево Стевоски и Митко Тилевски воедно потпишаа и Кодекс за фер избори, со кој се обврзаа да го почитуваат Изборниот законик и да овозможат изборниот процес во Охрид да помине во максимално демократска атмосфера.
„Социјалдемократскиот Сојуз веќе покажа на парламентарните избори дека цврсто стои зад демократските процеси, и во таа насока, и во согласност нашите социјалдемократски вредности се заложуваме овие локални избори да бидат празник на демократијата. Создаваме општина за сите, носиме живот за сите.“ – истакнуваат од ОО на СДСМ Охрид.