Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 , 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид
О Р Г А Н И З И Р А
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ЛУПД за GP 1 за изградба на објекти со намена А4 – времено сместување на КП бр.2509/1, 2510/2, 25/1, 2542,2522, 2523, 2524, 2549, 2550, 2551, 2552, 2553, 2554, 2557, 2558,2559 и 2560/5,КО Коњско , Општина Охрид.
2. Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 26.09.2017 год. до 25.10.2017 год.
3. Јавната расправа ќе се одржи на ден 20.10.2017год. во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 12 часот.
4. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.