Успешна промоција на уникатните ракотворби на охридските занаетчии

Во организација на Секторот за туризам и ЛЕР при општина Охрид и соработка со Занаетчиската комора од Охрид, од 19 до 21 август, за прв пат, на плоштадот „Крушевска Република“ се одржа Манифестацијата „Ohrid craft expo“ на која занаетчиите ги изложија своите производи, а истовремено беа промовирани потенцијалите на охридското занаетчиство како фактор за економски развој, зачувување на традиционалните вредности и атрактивно занимање на младите.

Rakotvorbi_saem_190820164852

Посетителите имаа можност да се запознаат со широката палета на производи (сувенири, бакрорез,книговез,накит) создадени од вештите раце на занаетчиите кои изразија подготвеност за воспоставување поинтензивна соработка во делот на зголемување на мерките за поддршка на занаетчиството кое нуди перспектива за вработување на младите поддржани преку проекти за почнување мали бизниси.

Заложба на Локалната самоуправа е Манифестацијата „Ohrid craft expo“ да добие традиционален карактер која ќе поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата.

Rakotvorbi_saem_190820164853