Кражба во црква во Струга

На 23/24.09.2017 година од 13:00 до 08:00 часот во Струга на ул. „Маршал Тито“, во црква Св. „Жени Мироносици“, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што се одземени 1.000 денари.

Имено, сторител со употреба на хебла ја оштетил и насилно ја отворил металната решетка на прозорот, влегол во внатрешноста на црквата, каде извршил пребарување, и од дрвена отворена каса поставена на вратата ги одзел парите и се оддалечил во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.