ВМРО-ДПМНЕ Охрид по полноќ го означи почетокот на кампањата

Традиционално една минута по полноќ со собир пред Општинскиот Комитет беше означен почетокот на предизборната кампања за локалните избори на 15ти октомври.

„Заедно сплотени, единствени, мотивирани, со овации, песни и аплаузи, со весел и ведар како и насмевка на лицата, членовите и симпатизерите на партијата најавија голема победа уште во првиот круг. Пред големиот број присутни граѓани се обратија претседателот на ОК и носител на советничката листа д-р Кирил Пецаков, актуелниот градоначалник д-р Никола Бакрачески и кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски.“- велат од партијата.

На крајот беше упатена покана до сите граѓани за почетниот голем митинг со почеток во 19:00 на Градскиот Плоштад „Св.Климент Охридски“.

„За неколку часа почнуваме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија. Уште од утринава започнуваме со работа, која ќе триумфира на 15 октомври.“ – додаваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид,