Директорот на Царинската управа м-р Ѓоко Танасоски, на 25 септември 2017 година, присуствуваше на седницата на Управниот одбор на Македонско турска стопанска комора (МАТТО), со цел запознавање сo членовите на Управниот одбор, како и со актуелните теми во трговското работење помеѓу Република Македонија и Република Турција.
Во своето обраќања, директорот на Царинската управа изрази благодарност за поканата и истакна дека ваквите состаноци се многу значајни за градење на успешна комуникација меѓу сите засегнати страни вклучени во царинските постапки.
Претставниците од МАТТО имаа можност да ги споделат предизвиците со кои секојдневно се соочуваат и изразија подготвеност за зајакнување на соработката во делокругот на царинското работење, со цел развивање на билатералната економска соработка на Република Македонија со Република Турција.