Кривична пријава за охридски болничар кој украл златен накит од мртва жена

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С. (46) од с.Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Пријавениот, вработен како болничар, на 05.09.2017 година околу 11:25 часот во интерно одделение, откако била констатирана смрт на Т.Ј. (81) од Охрид, одзел пар златни обетки и златен прстен. Истиот ден околу 14:.30 часот во златара пријавениот ги понудил на продажба обетките и прстенот, на вработена којашто била внука на оштетената и ги препознала.