Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Ч.(75) од охридското село Лескоец.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година во 14 часот и 30 минути, предизвикувајќи сообраќајна незгода на крстосницата од магистралниот пат Подмоље-Ќафасан, со локалниот пат за селото Мислешево и локалниот пат за „Еуротел“.
Сообраќајната незгода е случена поради неотстапување првенство на минување од страна на сега пријавениот кој управувал патничко моторно возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски таблици. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Н.Е. од Ресен, сопатникот во патнички автомобил марка „Пежо“. Таа веднаш била префрлена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.