Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправна градба“ и „узурпација на недвижности“ полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Р.У.(34) од Дебар и Б.Д.(70) од дебарското село Коњаре.
Пријавените, во текот на 2016 година, како инвеститори, на брегот на Дебарско езеро во месноста „Бадеми-градска плажа“, со цел владение зазеле туѓо земјиште-сопственост на Република Македонија и без одобрение за градба изградиле стамбени објекти. Пријавениот Р.У. узурпирал државно земјиште во површина од 156 метри квадратни и нелегално изградил стамбен објект (викенд куќа) со основна површина од 35 метри квадратни додека пријавениот Б.Д. узурпирал државно земјиште во површина од 74 метри квадратни, на едната страна поставил жичена ограда во должина од 31,55 метри и оформил дворно место. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Р.У. се стекнал со противправна имотна корист од 239..265,оо денари додека пријавениот Б.Д. за 113.497,оо денари. На тој начин, двајцата го оштетиле буџетот на Република Македонија во износ од 352.762,оо денари.