Во недела предновогодишна донаторска забава „Од децата за децата“

Ротаракт Клубот од Охрид во соработка со игротеката „Smiley“, организираат предновогодишна донаторска забава „Од децата за децата“.

Оттаму ги покануваат сите кои сакаат, во недела, на 21-ви декември, од 13:00 до 16:00 на предновогодишна донаторска забава.

„Донесете ги Вашите деца, внучиња или мали пријателчиња на забава во Игротека Смајли, влезот е бесплатен. Со донираните средства, ќе дадете свој придонес во нашата цел, да ги направиме посреќни децата од загрозените семејства, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.“– велат од Ротаракт Клуб – Охрид.