Меѓународен ден за универзален пристап до информации

На 17 ноември 2015 година, УНЕСКО ја усвои резолуцијата (38 C/70) со која 28 септември е назначен како Меѓународен ден за универзален пристап до информации. 2017 е втора година како УНЕСКО го одбележува овој ден.

Овој ден има посебно значење во новата развојна агенда 2030 година, а особено за целта на одржливиот развој која повикува на обезбедување на слободен пристап до информации и заштита на основните слободи.

Исто така, канцелариите на УНЕСКО во многу земји од целиот свет заедно со локалните власти и граѓанското општество ќе го одбележат овој ден преку организирање на работилници, конференции и јавни активности, вклучувајќи маршеви и концерти, со цел да се дискутира и да се подигне свеста за слободата на информациите, промоцијата за отворен пристап и за важноста на усвојувањето на правото на информирање.

Овие насочени и спроведени активности ќе обезбедат дека 28 септември се користи за ангажирање на граѓаните и јавните власти за важноста на правото на информации за човековото постоење и на локално и на глобално ниво.

УНЕСКО се надева дека обележувањето на 28 септември како “Меѓународен ден за универзален пристап до информации” ќе обезбеди повеќе земји да го усвојат законот за слободен пристап до информациите, да развијат политики за мултилингвализам и културна разновидност во сајбер-просторот и да обезбедат интегрирање на жените и мажите со попреченост.

Овие чекори дополнително ќе го зајакнат напредокот кон агендата за развој од 2030 година и ќе го отворат патот за создавање општества на знаење ширум светот.

WebOhrid