Продлабочена соработката помеѓу ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и ЛТХ Леарница

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и оваа учебна година посветува големо внимание на организацијата и извршувањето на практичната обука на учениците кај работодавачи. Ученици од II, III и IV година од машинската струка еден ден во неделата реализираат практична обука во реалниот работен процес.

Во таа насока, продлабочена е соработката со партнерот ЛТХ Леарница. Изминатиот период направени се повеќе средби помеѓу претставници на училиштето и менаџментот на компанијата, со цел јасно дефинирање на улогите и навремена поделба на задачите. Претставници од ЛТХ Леарница направија презентации на своите капацитети и активности во просториите на училиштето, а ќе се организира и отворен ден во кој учениците ќе се запознаат со работниот процес и условите за работа. Компанијата ја помогна кабинетската настава со донирање на нумерички управувана глодалка со соодветен алат, комплетен сервис и одржување на истата. Во тек се и обуките на наставниот кадар за користење на машината во наставниот процес.

Конечната цел е, да им се помогне на учениците после завршување на средното образование, полесно и побрзо да се вклучат во работниот процес.