Следниот викенд – запрашување против комарци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа против епидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид во деновите од викендот – 10 и 11 јуни, ќе врши теристријално запрашување против комарци.

Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид и на потегот на реките Грашница и Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.