ВМРО-ДПМНЕ: СДС поради неспособноста и недомаќинското работење го доведе Охрид пред банкрот

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испрати контра-реакција на соопштението на ОО на СДСМ. Во неа стои:

„СДС поради неспособноста и недомаќинското работење го доведе Охрид пред банкрот.

Почитувани,

Еднаш конечно од СДС излезете пред јавноста и ако можете барем за миг да си го погледнете ликот во огледало, без притоа истото да посакате да го скршите незадоволни од одразот што ќе го видите во него.

Почитувани граѓани,

Денешната реакција на СДС Охрид е практично создавање на алиби со кое сака да се испере за сето она што им го направи на охраѓани. Несвесно сами си го признаваат долгот.

Господа од СДС долгот е ваш, а не наш. Вашите таканаречени бомби стекнати по незаконски пат судот ги прогласи за неважечки.

Очигледно и покрај сите досегашни информации останувате слепи пред фактите. Сите овие години охриѓани го чекаат вашиот одговор, но не го добиваат. Долгот го знаат охриѓани за нас е тоа важно и заради тоа јасен беше одговорот со тоа што го казнија вашето катастрофално работење.

Одговорот за долгот го добивате со кривичната пријава за крадоначалникот од Вашите редови и неговите соработници што беше поткрепена со докази на 300 страници. Злоупотреба на јавните набавки, коруптивни афери, местење тендери, хаос и лажен живот.

Вашето произнесување за делот образование е чиста лага и немате лице да зборувате за тоа. Долгот од ОУ „Григор Прличев“ е ваша негрижа. Објаснете го? Каде е вашата градинка цели 8 години ветувана? Најважно е дека децата и родителите се задоволни и нивните мислење ни е важно колку и да сакате да кажувате лаги и невистини.

Додека парадоксално прашувате, цела деценија не се изјаснувате. Користете Отчет тоа е света книга што треба да ја имате во раце, и додек уверувате дека зборот е збор, ние велиме делување а не зборување. Работа и секогаш работа. Тоа го препознават охриѓани.

Погледнете се уште еднаш во огледало! На 15 октомври доаѓа крајот на ова ваше дрско однесување. Повторниот пад ќе биде силен. Народот ќе Ве тресне од земја. ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство во Советот ќе биде победник на локалните избори а иден татко на градот ќе биде Д-р Митко Тилевски уште во првиот круг.“-стои во реакцијата.