Тилевски: Паркот „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место за Охрид

Кандидатот за градоначалник за Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Парк Студенчишта“. 

„Сакам да зборувам од името на охриѓани затоа што сум за здрава животна средина, паркови, зеленило. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите од сите возрасни групи. Со уредувањето нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот. Изградбата на новите атрактивно пешачко-рекреативни патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ до ресторанот „Котва“, да се изгради нов парк со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време. Модерно хортикултурно-уреден простор оплеменет со клупи за одмор и релаксација и чешми во автентичен стил. Во рамките на овој парк ќе има парк за миленици.“ – истакна Тилевски.

Како што изјави Тилевски, паркот „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место за Охрид. Целта на овој проект е дооформување и разубавување на делот околу Охридското Езеро. Со уредување на паркови на влезовите на Охрид ќе се придонесе за разубавување на ликот на просторот на самиот влез на градот. Тилевски е убеден дека охриѓани ја препознаваат визијата на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече тој за новата ера за Охрид.

„Јас сум убеден дека ја препознавате нашата визија, новата ера за Охрид! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за охриѓани. Имаме одлична програма и ја гледате разликата!“  додаде Тилевски.

WebOhrid