Вечерва во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, во 20 часот, ќе започне 29-тото издание на Фестивалот „Охридски староградски средби“. Учествуваат девет пејачки групи, ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија кои доаѓаат од Дебарца, Штип, Битола,Богданци, Прилеп и од градот – домаќин.
Фестивалот „Охридски староградски средби“ е основан со цел афирмирање на вредностите на староградскиот мелос, но и зачувување на музичките посебности и песни карактеристични за градовите во Македонија, кои со децении се препејувале и на тој начин се пренесувале низ генерациите. „Охридските староградски средби“ се реализираат со финансиска поддршка на Министерството за култура. Влезот е слободен.