Викендов во Охрид ќе се одржи Купот на Македонија во атлетика во повеќе дисциплини и тоа во фрлање на ѓуле, диск и копје, скок во далечина и висина, трчање на 100, 200, 400 метри и штафетно трчање 4х100.
Натпреварите ќе се одржат во сабота од 14 до 17 часот и недела од 10 до 14 часот.
Исто така во сабота во 18 часот на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Охрид – ветерани и ФК Краков од Полска.