Ок на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка по повод верскиот празник Вера, Љубов, Надеж и мајката Софија. Во неа стои:
„Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, на сите верници им го честита христијанскиот празник Вера, Љубов , Надеж и мајката Софија, кој се празнува на 30 септември.
На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која ги воспитала своите ќерки да имаат вера во себе си и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Денешните славенички, Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија, се олицетворение на најважните сечовечки благодети. Нивното житие е доказ, како и колку треба да се љуби вистината и за неа да се пострада, без разлика какви нечовечки понижувања нè затекнуваат во животот.
Основните двигатели на нaшите животи, кои всушност му даваат и смисла на нашето постоње, тоа се овие основни три работи, тие н`е одржуваат во живот ни даваат смисла за да можеме да ги надминеме тешкотиите што ни ги носи. За да го надминеме сето тоа со леснотија потребна ни е љубовта од драгите луѓе, за да се чувствуваме вреднувани и сакани да можеме да ги реализираме нашите цели полесно. Не можеш да веруваш, ако не се надеваш и сакаш. Не можеш да се надеваш, без да веруваш и сакаш. Не можеш да сакаш, ако не веруваш и не се надеваш.
Да ни е честит празникот и за многу години!“– стои во честитката.