Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Р.С.(20) и П.Г.Г(27) двете од Пловдив, Република Бугарија.
Пријавените, казнените дела ги сториле на 16 и 17 август оваа година, кога во ТЦ ,,Ваикики” во Охрид, на дрзок начин одзеле 2 паричници од две лица македонски државјанки во кои имало пари и лични документи.
Притоа, искористувајќи ги документите сопственост на Р.Г. од Охрид, пријавените од банкарската сметка во Тутунска банка Охрид сопственост на Р.Г. повлекле 24.000 денари. На 17 август, пријавените на идентичен начин извршиле тешка кражба во бутик ,,Look” лоциран на улицата. ,,Св.Климент Охридски” кога на дрзок начин одзеле паричникот од Л.С. жителка на Охрид.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 46.600,оо денари.