Тилевски: Посветено работиме на градење и поттикнување на културата како темелна вредност на Охрид

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција пред црквата Св. Софија, на  која се осврна за проектите од Културата за развој на културниот туризам во Охрид.

„Охрид – лулка на културните цивилазации, ризница од традиционални, историски и религиски вредности. Уникатните вредности во градот ни даваат насока и обврска за културен учинок во секоја активност која ја цениме како промотор на Охрид, почитување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела. Посветено работиме на градење и поттикнување на културата како темелна вредност на Охрид. Но, не застануваме тука. Култура, култура, култура! Охридската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура не издвојува, но и не соединува со Светот.“ – изјави Тилевски.

Како што кажа Тилевски, за колевката на културата во програмата на ВМРО-ДПМНЕ обврска е да се презентираат културните добра и развој на културниот туризам преку одбележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во стар град каде се напишани староградски песни со кратка легенда и текст на песната.

„Охрид е мозаик од култури и затоа грижата за наследните вредности ја подвлекуваме:

– Организација на христијанските празници Богојавление-Водици и Св. Василиј – Василица,

-Божиќната литија, настанот „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија,

-Организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед,

-Поддршка на фестивалот на Египќани.

-Завршување на фрескоживописот во црквите „Св. Климент“ и „Св. Пантелејмон“ – комплекс Плаошник.

-Конзервација на фрескоживописот на црквите „Св. Софија“, „Св. Никола Болнички“ и „Св. Богородица Болничка“.

Големиот број настани и промоции кои го позиционираат Охрид во редот на развиени културни средини се белегот на иднината: фестивалот Охридско лето, Балкански фестивал на народни песни и ора, Охридски хорски фестифал, Француски филмски фестивал, Охрид фест, Канео фест, Прличеви беседи, Поетска ноќ во Велестово и уште многи други.“ – рече Тилевски.

Тилевски рече дека нивната Визија за Охрид и посветла иднина, се што имаат зацртано како цел е реално и остварливо.

„Ние секогаш сме биле искрени и сме ја зборувале вистината. Затоа сакам да потенцирам: се надевам дека ќе пронајдеме стратешки партнер во името на Владата за реализација на два проекта од исклучително значење како нови атракции за градот Охрид. Изградба на охридска градска куќа – Долни Сарај (типична стара охридска куќа), Изградба на Музеј на Охридското Езро (флората и фауната во езерото, сите видови риби кои се застапени во езерото). Не случајно реков искрени затоа што тоа е нашата доблест и наша одлика по што не препознаваат охриѓани.  Меѓутоа, гледајќи го тоа што се случува и сегашното лошо искуство тие не сакаат да ја надградат културата туку сакаат да ја разрушат. За нив охриѓани не се достојни да добијат современи објекти. Тоа не е живот. Сведоци сме дека единствени виновници се само тие што Охрид нема да добие нов Конгресен Центар, како и современ Центар за култура. Ете во тоа е разликата. Охриѓани се мудар народ и знаат да препознаат. 13 ќе биде ПОБЕДНИЧКИОТ број за Охрид, за да продолжиме со светлата иднина и започнување Нова Ера за Охрид.“ – додаде Тилевски.

WebOhrid