Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е избрана за ко-претседавач на 10-тиот Европски регионален состанок во организација на Меѓународната организација на трудот, во Истанбул, Турција, кој започна денеска и ќе трае до 5 октомври.
Eвропскиот регионален состанок се одржува на секои четири години и на него учествуваат трипартитните конституенти – влади, работодавачи и работници од 51 земја.
Состанокот е со цел да се разменат ставови за клучните економски и социјални прашања во овој дел од светот, како и заради утврдување на регионалните приоритети на Meѓународната организација на трудот.
Дискусиите во рамките на десеттиот регионален состанок ќе бидат фокусирани на носителите на промени, на можностите и на идните импликации во областа на трудот во европскиот регион, а министерката Царовска ќе учествува на неколку сесии предвидени во рамките на овој состанок.