Прослава во Црвена Вода по повод 74 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, Локалната самоуправа на општина Дебрца и ОУ „Дебрца” утре организираат прослава во село Црвена Вода по повод 74 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година со следната:

П Р О Г Р А М А

11:00 – с.Црвена Вода- почеток на свеченото одбележување на настанот.

-Полагање свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и посета на спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ.

12:00 – Свечена седница на советот на општина Дебрца.

– обраќање на Градоначлникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.

– Хор и рецитал на учениците од ОУ „Дебрца” од с.Белчишта.

– Посета на спомен собата на НОБ и ликовната колонија.