Промовиран огранокот на политичката партија ГРОМ во Охрид

   Во Охрид промовиран огранокот на политичката партија  ГРОМ- Граѓанска опција за Македонија. Вечерните саботни часови во Охрид беа исполнети со уште едно ново освежување на политичката понуда во нашиот град. Станува збор за нова политичка партија-Граѓанска опција за Македонија ГРОМ, на која претседател е актуелниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

   Охриѓани како и негови приврзаници го поздравија,пред новите простории на оваа партија,а тој им се обрати во канцеларијата на ГРОМ во Охрид. 

   „Сето ова моментално е на ниво на иницијатива, но се очекува во политичката партија ГРОМ да пристапуваат повеќе млади луѓе,за подобра перспектива“ – истакна лидерот Стевчо Јакимовски.    

   Ова ново движење во Р.М. има веќе отворено 14 канцеларии ширум републиката вклучувајќи го и Охрид, a во иднина се планира, поинтензивно да се делува и во останатите делови на земјава.

   На присутните им се обрати и претседателот на иницијативниот одбор на регионалната канцеларија на ГРОМ-Охрид Љупчо Настоски, кој е член на Советот на Општина Охрид и во повеќе наврати има дарувано средства во хуманитарни цели за социјално-ранливи категории семејства во Охрид.         

   Ова ново Граѓанско движење во Р.М. би требало да придонесе народот,односно пред се младите,да излезат од црно-белиот свет на двете најголеми политички партии во државата и излезот односно надежта да ја побараат во трета опција, за поголем просперитет на сите,велат од Граѓанската опција за Македонија.

Grom2 Grom3