Затворен конкурсот за Новиот културен бран, листата на добитници ќе се објави за една недела

Конкурсната комисија денес го затвори конкурсот за Манифестацијата „Нов културен бран“. По првичното разгледување на над 150 пристигнати апликации во изминатите денови на вториот конкурсен рок, Комисијата заклучи дека бројот на квалитетни апликации го надминува очекуваното и дека буџетот на Манифестацијата ќе биде исцрпен со претстојниот втор круг на одлучување.

Конечната одлука на Комисијата за добитниците на средства за реализирање културно – уметнички настани преку „Новиот културен бран“ ќе биде објавена најдоцна за една недела, по финалното разгледување на првично селектираните апликации.

Министерството за култура ги повикува сите апликанти што нема да бидат селектирани преку овој конкурс, но и сите други заинтересирани да ја искористат можноста да аплицираат со нивните идеи на новиот Конкурс за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година, кој беше објавен на 30 септември 2017. Конкурсната документација и документите за аплицирање можат да се пронајдат и сочуваат на следниот линк:

http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066–2018-