Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против О.Н. (31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“.
Пријавениот, ги извршил делата во текот на минатиот месец. Насилно влегувал во куќа во Струга, во паркирани товарни моторни возила и работни машини паркирани во кругот на фабрика за плочки во атар на селото Радолишта и во киоск за пецива лоциран во кругот на општинското средно училиште „Ибраим Темо“ во Струга. При извршување на делата тој користел алат и физичка сила. Успеал да одземе шест акумулатори од возилата и дел од инвентарот во киоскот за пецива. Полициски службеници го забележале во момент на извршување на кражбата во киоскот и веднаш го привеле во полициската станица. Со извршување на кривичните дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 60.000 денари.