На спортското игралиште кај ОУ „Св.Климент Охридски“, денес претставници на Локалната самоуправа одиграа фудбал со охриѓани. Со настанот се промовираат здравите животни навики и спортувањето.
Детското и спортското игралиште се изградени со средства од Буџетот на Општина Охрид во износ од 1.697.824 денари. Детското игралиште е целосно опремено со реквизити и е поставена гумирана подлога, исто таква подлога има и спортското игралиште, каде се поставевени и спортски реквизити и изградени се трибини.