Поради постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Л.(31) од кичевското село Србица и Л.Ф.(23) од селото Мамудовци.
На 15 минатиот месец, по извршен претрес во домот на А.Л. во селот Србица, пронајдена е и одземена опојна дрога марихуана од 92,55 грама. Од страна на судија во претходна постапка од Основниот суд во Гостивар, него одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена и спроведен во Казнено поправната установа во Тетово.
Во текот на минатиот месец, при извршен претрес во домот на Л.Ф. во кичевското село Мамудовци, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин со нето маса од 8,01 грама набавен за 250 евра, дробилка марка „Раста“, 31.500,оо денари и 50 евра во разни апоени како и други предмети. На сега пријавената, определена и е мерка „куќен притвор“ во траење од 30 дена.