Холанѓанка починала во хотел во Охрид

Вчера во 10:05 часот во Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во хотелска соба била пронајдена почината В.Т.М.(72) од Амстредам-Холандија.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено во Судска медицина-Битола за обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР-Охрид.