Трајкоски ги најави новите проекти од областа на канализационата инфраструктура

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес одржа прес-конференција во с.Горенци. Тој ги презентираше досега реализираните проекти од областа на канализационата инфраструктура, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на канализационата инфраструктура.

„На половина изборна кампања и повеќе од јасно е дека за Општина Дебрца единствен е изборот, а тоа е продолжување и континуитет на спровeдување на проекти кои се од витално значење за секој еден жител во Дебрца.
 Бенефити од реализираното согледале многумина, од најразлични профили на луѓе, ученици, спортисти, културни работници, земјоделци. Затоа наша цел е во секоја област да се создадат вистински услови со што ќе има подобар квалитет во секој сегмент од нашето општество.
“- рече Трајкоски.

Тој укажа на реализираните проекти во областа на изградбата на канализационите системи.

„Досега изградив канализациони системи во вкупна должина од 26 км преку реализацијата на следниве проекти: Изградена фекална канализациона мрежа село Мешеишта, Изградена фекална канализациона мрежа во село Горенци, Изграден колекторски систем од село Мешеишта до главен колектор на Охридско езеро кој ги опфаќа селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци, Извршена доизградба на канализациона мрежа во село Мешеишта со поврзување кон колекторскиот систем, Изградена атмосферска канализација во село Ботун.“- истакна Трајкоски.

Како што рече Трајкоски, ќе се продолжи со реализација на следниве проекти:

– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Лешани
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Велмеј
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Ботун
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Ново Село
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Требеништа
– Изградба на фекална канализациона мрежа во село Волино
– Доизградба на фекална канализациона мрежа во село Мешеишта.

„Четири години континуитет нека бидат само зачеток кон уште многу други потфати. Заедно и секогаш со работа да ја градиме Дебрца препознатлива од секоја перспектива. Затоа со заокружување на бројот 13 Вие гласате за развиток на општината, со заокружување на бројот 13 гласате за подобри услови за секого, тоа е веќе покажано и докажано во изминативе 4 години, а ќе се продолжи и во наредниот мандат предводен од ВМРО ДПМНЕ.“– додаде Трајкоски.

WebOhrid