Фондацијата Македонско Наследство „Тодор Александров” на средба со Словенскиот амбасадор

Во рамките на своите активности, Фондацијата Македонско Наследство „Тодор Александров” оствари средба со Словенскиот амбасадор Проф.Др.Милан Јазбец.

Домаќин на средбата беше Доц.Др.Никола Митровиќ Бабе, а истата се одржа во канцелариите на Фондацијата на улица „Македонија“.

„Ова е многу значајна средба на која се реафирмира соработката и пријателските односи помеѓу Македонија и Словенија. Ние како фондација ќе се потрудиме оваа соработка да се продлабочи на многу други полиња. Со неговата екселенција Амбасадорот Јазбец разменивме мислења и согледувања за унапредување на соработката на нашата фондација со слични фондации и институции во Словенија. Со почитуваниот Амбасадор беа разгледани и конкретни насоки и планови за соработка во периодот што следи.”– вели Митровиќ.

Извршниот директор Митровиќ потенцира дека вакви средби на високо ниво ќе бидат пракса во понатамошното работење и дејствување на самата фондација.