Младиот охриѓанец Ѓоко Сучкоски успешно плива во манекенските води

Охриѓанецот Ѓоко Сучкоски  е млад талентиран модел. Со манекенство почнал да се занимава од 13 години (сега веќе има 14 години), односно веќе 1 година откако се занимава со манекенство.

„Соработувам со една од најпознатите и најдобрите агенции во Балканов, со агенцијата S.N.O.B., односно имам договор од 2 години. Поддршката се разбира на почетокот ми ја дадоа моите најблиски.“– вели младиот охриѓанец Сучкоски.

Како што вели тој, неговата фејсбук страница е често посетувана.

„Имам многу што ме поддржуваат на  facebook страната, имам 4400 лајкови, а на мојот Instagram профил скоро 5000 следачи. Можам да се пофалам, дека многу луѓе ме познаваат од Охрид, Македонија и од Србија.“– додава тој.

Ѓоко учествувал на неколку ревии во Македонија и Србија, а исто така и има изработено и фотосесии за агенцијата за S.N.O.

Facebook Page: https://www.facebook.com/GjokoSuchkoski/

Instagram: https://www.instagram.com/gjoko_suchkoski/

WebOhrid