Во врска со денешното потпишување на барањата од граѓанскиот сектор од општина Охрид, со соопштение излезе ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во кое стои:
„ВМРО-ДПМНЕ Охрид сака да изрази длабоко жалење што не бевме поканети за потпишувањето на обврската за соработка со граѓанските организации.
Сето тоа не е поради наша причина што кандидатот Д-р Митко Тилевски не присуствуваше на потпишувањето туку пропуст во организацијата или намерно изостанување од настанот. За тоа треба да следи јавно извинување од организаторите.
Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски секогаш ќе биде со поддршка за граѓанските организации и без потпишувањето во рамките на проектот „Денот потоа – локални избори“ реализиран од фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија. Наша обврска и цел секогаш ќе биде соработката со граѓанските организации како што се поддршка со креирање буџет за млади, решавање на проблемот со бездомните животни, социјална заштита и хуманитарна помош за социјално-ранливото население, санација и ревитализација на колекторскиот систем како и нови идеи за нормално функционирање на разните граѓански здруженија.“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.