Охридски училишта освоија награди на КРЕФ во Лесковац

Во Лесковац по втор пат се одржа КРЕФ Меѓународниот филмски фестивал. На фестивалот оваа година се натпреваруваа училишта и градинки од Македонија, Србија и БиХ.

Натпреварувањата се одржаа во шест категории, беа прогласени победници и им поделени награди и признанија.

На фестивалот учествуваа и претставници од Охрид кои освоија три награди, второ место освои ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Братство-Единство“ освои трето место и во категорија „Minecraft“, детскиот филм на Мартин и Илија Петковски за Детски креативне центар доби специјално признание. 

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Министерството за образование од Лековац, а негови автори се Весе Весела Богдановиќ од Македонија и Зоран Илиќ од Лесковац.