Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека Делегацијата на Европската Унија во Скопје на 9.10.2017 година објави „Повик за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година“, наменет за институциите од областа на културното наследство и организациите од останантите културни и креативни сектори.
Целта на повикот е да се промовира културното наследство како инспирација за иновативност во современото уметничко творештво за да се зајакне соработката помеѓу секторот за културно наследство и другите културни и креативни сектори.
За поддршка на овие проекти, Делегацијата на ЕУ во Скопје алоцираше вкупно 30.000 евра за најмногу десет проекти.
Повеќе информации за повикот можете да најдете на следниот линк: https://eeas.europa.eu/delegations/former-yugoslav-republic-macedonia/33569/call-proposals-projects-related-european-year-cultural-heritage-2018_en