Ограбена куќа во Струга

На 11.10.2017 година во 20:36 часот во Полициската станица Струга, А.А. пријавил дека на ул.„Маршал Тито“, во куќата сопственост на неговиот татко Ш.А. (61), истиот ден во периодот од 18:00 до 20:00 часот, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и одзел 3000 евра, 12.000 денари и разновиден златен накит, по што го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.