АВ Охрид поразен од Куманово

Денес беа одиграни натпреварите од второто коло од Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција.

Екипата на АВ Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид го пречека тимот на Куманово. Гостите беа надмоќни на овој натпревар, а тоа го покажаа уште во првата четвртина. АВ Охрид се обиде да ја анулира предноста, но безуспешно. На крајот Куманово успеа да оствари висока победа со резултат 73-91.

АВ Охрид – Куманово 73-91 (12-31, 26-19, 13-16, 22-25)

WebOhrid