Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Струмица, 15.10.2017
Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја.
Денеска по пат на фер, демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлантски интеграции на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини, развиена економска држава.
Јас се надевам дека заради важноста на локалните избори и големата важност на општините во Република Македонија целиот ден сериозно ќе заврши колку што се навистина и сериозни ваквите локални избори. Пред сѐ се надевам на фер и демократски избори и само така сите победуваме во Република Македонија, а на крајот преку нашиот глас, преку процентот на излезеност навистина даваме поддршка и за иден раст и развој на сите наши општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните, вечерва сите да се чувствуваат победници!