Државниот секретар оствари средба со претставници на Францускиот институт и Меѓународната организација за франкофонија

Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Анета Трпевска, денеска се сретна со директорката на Регионалниот центар за централна и источна Европа на Меѓународната организација за франкофонија, Рени Јотова и со Директорот на францускиот институт и советник за културна соработка во Амбасадата на Франција во РМ,  Емануел Рембер. 

На средбите се разговараше за интензивирање на соработката на министерството со сите франкофонски актери во земјата, регионот и пошироко во насока на унапредување на наставата по француски јазик и промоција на франкофонските вредности.