Македонка загина на патот Белград-Ниш

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа која се случи на патот Белград-Ниш кај Умчари.

Како што јавуваат српските медиуми, вечерва околу 18:00 часот, автомобил „Ауди А6“ со македонски регистарски ознаки излетал од коловозот, при што загинала една жена, а останатите тројца патници се потешко повредени.

Неофицијално, сите лица кои биле во автомобилот се македонски државјани.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Белград.

WebOhrid