Бошкоски и Грујевски приведени во Солун

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (четврток 19 октомври) доби известување од Интерпол-Атина дека лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница, вчера (среда 18 октомври) се приведени во Солун. Известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција.