Европската комисија предложи пакет оперативни и практични мерки за борба против тероризмот, кои треба да се спроведат во текот на следните 16 месеци за подобра заштита на граѓаните на Европската Унија, со крајна цел обезбедување ефективна и вистинска безбедносна унија.
Овие мерки ќе им помогнат на земјите-членки да ги адресираат слабостите изложени од терористичките напади и ќе делуваат на подобрувањето на безбедноста.
Пакетот мерки вклучува:
- Поддршка на земјите членки во заштита на јавните простори;
- Затворање на просторот во кој терористите можат да работат, со ограничување на пристапот до експлозивни прекурзори и подобрување на прекуграничниот пристап до финансиски информации;
- Подобрување на подготвеноста, отпорноста и координацијата на ниво на ЕУ во случај на инциденти со хемиски, биолошки, радиолошки или нуклеарни супстанции;
- Поддршка за спроведување на законот и судските органи кои се соочуваат со енкрипција од страна на криминалците во кривичните истраги;
- Борба против радикализација;
- Зајакнување на надворешната акција на ЕУ за борба против тероризмот.
За жал, никогаш не може да има нулта ризик од тероризам, но со ваква низа мерки може да се намали просторот на терористите за подготовка и за извршување на злосторства. Тероризмот не познава граници и затоа е потребна заедничка работа и во рамките на ЕУ и со партнерите на глобално ниво.