Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на засега непознат сторител, кој синоќа околу 22 часот пред угостителски објект во Струга извршил физички напад врз В.Ј. (32) од Струга.
Физичкиот напад е случен пред угостителски објект на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга каде, засега непознатиот, пристигнал со патнички автомобил и од кафе барот го повикал В.Ј. надвор да поразговараат.
Тука, во еден момент од меѓусебната комуникација, засега непознатиот сторител, физички го нападнал В.Ј. задавајќи му два удари со тупаници во пределот на главата по што, со брзање избегал со својот автомобил.