Кривична за жители од Горенци и Требеништа кај кои е пронајдено нелегално оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа.

На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал соодветна дозвола за поседување и носење огнено оружје. Истиот ден, извршен е претрес и во домот на второпријавениот Н.С. при што се пронајдени 20 куршуми, 95 каписли за ловна муниција, барут, сачми и машина за рачно полнење на ловна муниција.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.