За време на престојот во Република Србија, министерот за култура на Република Македонија го посети Нови Сад и се сретна со локални претставници на иницијативата за отворање македонски културен центар.
По сребата со претставниците на иницијативата за отворање на Македонски културен центар во Нови Сад, министерот Алаѓозовски го разгледа поранешниот простор на издавачката куќа „Прометеј“ во сопственост на Матица српска, каде што би бил сместен центарот според предлогот на иницијаторите. Притоа, министерот Алаѓозовски разговараше и со претставници на Матица српска, со новосадските уметници и направи детален увид на расположливите простории, нивната намена и потребите за преуредување и адаптирање.
Освен како простор за негување на културниот идентитет на Македонците од Војводина, оваа иницијатива е поврзана и со можностите за претставување на Македонија на значајните културни настани што ќе се случуваат во Нови Сад, кој е прогласен за европска престолнина на културата во 2021 година.