Иванов на средба со потомци на истакнати македонски дејци по повод 23 Октомври

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, оствари средба со потомци на истакнати личности кои биле дел од македонската национална борба.

Претседателот Иванов им го честиташе државниот празник на присутните соговорници, истакнувајќи го придонесот на знајните и незнајните македонски револуционери и национални борци и нивното значење за формирањето на слободна македонска држава.

На средбата претседателот Иванов рече дека е наша должност никогаш да не се заборави улогата на македонските национални дејци и нивниот придонес за слободна и независна Македонија.