Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот (25.10.2017 година) за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен. Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата.