ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Ги повикуваме надлежните институции СВР Охрид, Градежниот инспекторат, Јавното обвинителство и градоначалникот Јован Стојаноски да се водат согласно законите со тоа што веднаш и правично ќе постапат по пријавата на граѓаните за дивоградба, а со тоа ќе докажат на дело дека се борат за владеење на правото и правната држава и живот за сите.
СДС ветија дека ќе се залагаат и ќе раководат според законот и волјата на граѓаните, а не да се кријат зад временскиот период во кој уште не се достапни за проблемите на граѓаните.
Имено, на улицата „Стив Наумов“ бр.51 во Охрид во Петтата Урбана Единица бараме надлежните веднаш да излезат на терен и да се констатира дали градбата има потребни дозволи за градење и ако нема да се спречи дивоградбата.
Дали криминалот е над законот за да владеат корупцијата и личните интереси?
Дали со ова повторно се навраќаме на времето на владеење на анархија, самоволие, криминал и корупција?
Дали негрижата за охриѓани ја гледаме на дело и е тоа што го ветувавте или и понатаму охриѓани се само важни само во време на избори?
По доаѓањето на СДС на власт животот во Македонија и Охрид како тие што најавуваа не дојде за граѓаните. Животот дојде само за нив.
На граѓаните им се потребни институции кои ќе ги решаваат нивните проблемите и ќе работат во нивен интерес.
Тоа го вети и новиот градоначалник Јован Стојаноски што сега треба да го исполни.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.