СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.А. (46) од Сливо Поле, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 став 2 и 4, а во врска со став 8 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Пријавениот неовластено навлегувал во е-маил комуникација помеѓу фирма од Република Македонија и фирма од Србија и својата приватна жиросметка ја прикажал како сметка на фирмата од Македонија.