Јапонка со шолја за кафе го убила неверниот сопруг

Една јапонска домаќинка со шолја за кафе го претепала својот 70-годишен сопруг откако открила дека ја изневерува.

Таа изјавила дека тој имал љубовна врска со жената која ја мразела, и дека полудела при што го удирала со шолјата повеќе од 10 пати.

61-годишната жена го нападнала сопругот откако дознала за неговата афера. Тој бил веднаш пренесен во болница, но подоцна починал.