Вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населба Рача-Охрид се случила сообраќајна незгода во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Л., кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.